Еден од поборниците на тезата дека македонската нација е формирана од Србија за да се откорне од бугарската Виктор Канзуров смета дека е смешно но и трагично што премиерот Заев користи југокомунистички методи за да докаже дека Македонците го кренале Илинденското востание.
“Ако, во 2018 година, сѐ уште има луѓе во Македонија, кои се мнозинство од населението, а не им е јасно, не сакаат да им е јасно, или, немаат, интелектуален и/или морален капацитет, да сфатат, какво било Илинденското востание, какви му биле идеалите и која етничка група го кренала, та премиерот Заев е принуден вака да се глупира (се извинувам, но не можам да најдам помек израз!), додворувајќи се на разбирање, чие потекло води од една подмолна лага и индоктринација, од времето на југокомунизмот, тогаш, на оваа држава и на нејзиниот мнозински идентитет, со сиот нивен ексклузивизам, отфрлање и/или мразење на другите, не им требаат душмани, самите се уништуваат, колку, некој, од страна, и да сака да им помогне” смета Канзуров.
“Нема никаква грешка, ако се каже дека Илинденското востание е (и) македонско, во регионална смисла (како што е и тракиско), но, тука, јасно е дека Заев мисли на „македонско“, како на „небугарско“, вели Канзуров кој предлага лагите на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ да се решат на меѓународен суд.
“Останува, или сеирот да им го гледаме, кога „двете“ партии се натпреваруваат (Заев и т.н. СДСМ,во случајот, се правдаат пред ДПМНЕ-Ваљево), која повеќе лаже и која е поодродена, или, можеби, е добро, да се активира една стара идеја – пред меѓународен суд да се дадат овие асимилирани лажливци од Република Македонија, поради безочно лажење и менување идентитет на цели поколенија, на востаници и на конкретни историски личности”, вели Канзуров за кого СДСМ е таканаречена а Македонците се асимилирани Бугари.





