На социјалните мрежи беше објавена фотографија од мотор блокиран со „канџа“ која, наводно, вработени во Паркинзи на град Скопје ја ставаат доколку не е платен паркинг или доколку возилото е погрешно паркирано..
Не може да се потврди автентичноста на фотографијата, ниту кога е направена, но доаѓа на само два дена по најавата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, дека од идната сезона ќе бидат обезбедени паркинзи, а возачите на мотори и мотоцикли ќе мора да плаќаат паркинг како и другите учесници во сообраќајот.
Идејата била да се подигне свеста и кај моторџиите дека мора да паркираат на означени места.
Ова предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а за претпладнево беше најавен протест на моторџиите пред просториите на Градското собрание.





