Кандидатката на понижените и омаловажените најави победа за Македонија

Кандидатот на здружената опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова која ја доби поддршката од конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател вечерва им се обрати на сите граѓани:



Почитувани граѓани,

Денеска ја повикав ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка сила во Македонија да се обединиме со сите што се наоѓаме во заедничкиот фронт понижени, омаловажени, длабоко навредени од неодговорните потези на заевизмот.

Обединувањето на кое што ќе работиме сите заедно без разлика на етничка, верска, полова или било која друга припадност најпрвин ќе донесе победа на претседателските избори.

Поддршката од најголемата партија ми дава обврска да го штитам најважното: владеењето на правото, законите треба да се во рамките на Уставот.

Власта треба да биде од народот, за народот и на народот! Претседателот треба да биде прв во тоа! Јас многу сум добила од Македонија и сега е време да и вратам за тоа!

Да сте сите живи и здрави!

Со почит
Гордана Силјановска Давкова