Претседателката на организацијата на жените на ДПА и професорка по англиски јазик на Тетовскиот универзитет Фатмире Исаку е главниот кандидат за втор човек на македонската дипломатија, брифираат извори во ДПА.
Исаку која е и една од потпретседателите на партијата на Мендух Тачи треба да биде заменик на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој е прв македонски дипломат.
Со тоа за прв пат во историјата на независна Македонија ќе нема Македонец меѓу првите луѓе во македонската дипломатија.
Исаку во дипломатијата влегува без дипломатско искуство како партиски кадар на партијата што освои еден пратенички мандат.






