Се надевам дека Македонија, веќе 30-та членка на НАТО,
наскоро ќе ја покаже разликата во својот развој, откако ќе биде дел од ова
семејство, а во исто време, очекувам поголем разум на другите земји што сакаат
да влезат во Европската унија и Алијансата, многу внимателно да го мерат
нивното однесување и чекори, изјавил
премиерот на Бугарија Бојко Борисов во својот говор на Годишниот форум
за Западен Балкан, организиран од Меѓународниот републикански институт на САД.
Тој рече дека „расчеречена“ положба не е корисна за никого – или сте во НАТО или не, или сте во европско семејство или не, пренесува BGNES.




