Блерим Река, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, денеска во просториите на Државната изборна комисија (ДИК), го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.
Кандидатот на Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река порача дека е важно резултатот да биде регуларен, безразлика на тоа кој ќе победи.
„За мене етичките правила се подеднакво важни, а можеби и поважни од правото и правдата. Очекувам тешка борба, иако сум жена. Борба со аргументи, а не византиски. Се надевам дека последиот збор ќе го имаат граѓаните”, рече Гордана Силјановска-Давкова.
„Немам дилеми дека тројцата ќе направиме сѐ за да имаме демократска борба. Сакам да посакам успешни, фер, демократски избори. Среќно на противкандидатите“, изјави Стево Пендаровски.




