Тројца кандидати за шеф на ЈО за организиран криминал во дебата на А1Он урнаа најмалку еден голем случај на власта кој го почна СЈО а во кој подоцна се вклучи и најблискиот соработник на Зоран Заев, Драги Рашковски.
Во дебатата на А1ОН во која учествуваа тројца од четворица кандидати за наследник на Вилма Русковска, меѓу кои е и Русковска, сите се согласија дека камата не може да биде основа на предмет за прогон на лица за направена штета по ставот 5 од членот 353 од Кривичниот законик.
Урнисувањето на најмалку еден предмет на Јавното обвинителство од тројцата обвинители се случува, кога новинарот ги прашува конкретно за случајот Топлик познат и како ,,Сончев град”, дали законската камата е штета. Сите се согласуваат дека камата не може да биде штета и тука нема предмет.
Предходно во овој случај кој официјално се нарекува Топлик беа осудени повеќе лица меѓу кои и Димитар Димовски кој во документот кој го потпишал изричито наведува дека дава согласност само ако довогорот за Топлик нема да предизвика штета за Република Македонија. Осудите за него и за другите обвинети се базираат токму поради штета направена на основ на камата за која сега обвинителите тврдат дека не е причина за прогон.
Урнисувањето на овој случај но индиректно и на случајот ,,Шпански скали” од обвинителите кандидати за шеф на ЈО за организиран криминал се случува на 47 минута од видеото на А1ОН.
Предемот Топлик (Сончев град) го отвори СЈО со обвинителот Бурим Рустеми, кој продлжи да го застапува обвинението и откако го избраа за виш јавен обвинител (иако по закон за ЈО не смеел да продолжи да застапува, бидејќи е стварно ненадлежен и има судир на интереси бидејќи застапува во втор степен). Судии се Осман Шабани и Огнен Ставрев, на кои им беше ветувано дека ќе бидат унапредени во апелациони судии.
Обвинителството тврдеше дека е раскинат договорот за купопродажба на земјиштето за изградба на новата населба, склучен помеѓу израелската корпорација Фишер гру, претставувана од правното лице Сан Сити ДОО Скопје и Република Македонија.
Земјиштето е продадено на јавно наддавање, каде учествуваше и Гранит, но највисока цена дале израелците.
За раскинување на договорот, целата постапка ја водела државното правобранителство.
Договорот е раскинат спогодбено, бидејќи уставен суд го укинал урбанистичкиот план за изградба на Сончев град, од причина што општината кога распишала јавна анкета за планот, таа траела 19 дена наместо 20 (општината го сметала и денот кога е објавена анкетата, а уставен суд вели дека тој ден не засметува).
Спогодбата која ја постигнал државниот правобранител пред граѓанскиот суд е во корист на државата, бидејќи израелците се откажале од секакво побарување на било какви штети и изгубени добивки, а останале само на барањето да им се врати главницата од парите со кои го платиле земјиштето и законска затезна камата (што е предвидено и со член 266 од законот за облигационите односи).
За склучување на таа спогодба, претходно согласност дала владата, но позитивни мислења дале и Министерствата за финансии и за правда, Јавното обвинителство, државната комисија за спречување на корупција и Министерството за транспорт и врски.
На мислењето од Министерството за транспорт и врски е потпишан Димитар Димовски а во него пишува: Даваме позитивно мислење само доколку со оваа спогодба не се нанесува штета на буџетот на државата.
Освен што обвинението е дека затезната камата е штета на буџетот, што е прв и најверојатно последен таков случај во правосудството воопшто, друг куриозитет е што и самото обвинение, а подоцна и пресудата, се базирани и препишани од вештачење кое го има направено Борис Тунџев, сеуште актуелен директор на катастар инаку човек близок на Зоран Заев.
Во времето кога го правел вештачењето, Тинџев немал важечка лиценца и никако не смеел да прави вештачење. Но, на СЈО тоа не им пречело и на неовластено лице му исплатиле буџетски средства за монтирано вештачење, како што не им пречело и тоа дека неговата ќерка во истиот тој период е вработена во СЈО.
Истиот тој Тунџев е и финансиер на кампањите на СДСМ, што е јавно достапна информација, а неговата ќерка на последните локални избори беше кандидат за советним од СДСМ во Карпош.
Дури и ДКСК се изјасни официјално дека Тунџев не може да биде вешто лице како директор на Катастар, бидејќи има судир на интереси, но за судијата Осман Шабани тој став на ДКСК не е важен.
Целиот процес Топлик содржеше многу испади и куриозитети. На пример, Горан Сугарески од СДСМ како министер за транспорт и врски, писмено се изјасни дека во овој предмет нема штета на буџетот на државата. Но откако обвинителот Бурим Рустеми разбира дека со таквиот допис му паѓа предметот бил извршен притисок преку тогашниот премиер Заев да се смени тоа мислење.
Следниот ден во канцеларијата на екс генсекот на владата Драги Рашкоски беа повикани вработените кои го изработиле мислењето и Рустеми им го кажал истото, а Рашкоски им се заканил дека ќе бидат избркани од работа ако не го сменат дописот.
Ова беше јавно посведочено на едно од рочиштата, од страна на сведокот Анета Јорданова.
Друг испад во Топлик е што уште една година пред да се донесе пресуда, судијата Осман Шабани јавно на седница се заканил: Ќе видите вие во пресудата за што сте виновни…
Во моментов случајот Топлик е во Апелација.






