Луѓето подолго од законот ги помнат ваквите дела и казните и затоа, не е невообичаено во кампањите заинтересираните страни да го вадат валканиот веш. Затоа е подобро кандидатите да имаат беспрекорни досиеја од овој аспект, вели за Плусинфо правен експерт.
Кандидатот на СДСМ за градоналник на Аеродром, Александар Филиповски, во 2005-2006 година бил осуден условно на 1 година затвор за нанесување тешки телесни повреди на лицето Р.П., открива извор близок до учесниците во кампањата.
Настанот се случил некаде пред 16 години, кога е поведена кривичната постапка. Предметот за оштетноти побарување на тешко повредениот се влечкал до 2012 година, кога е пресудено дека Филиповски мора да плати висока оштета.
Сево ова се гледа и од документите што се доставени до Плуснфо. Еве две фотографии на дел од пресудите.

Повеќе детали на плусинфо






