Кандидат за амбасадор прободен со нож од сопругата

Игор П. кандидат за амбасадор на Македонија во Брисел, вечерта на 20 август бил жртва на семејство насилство во неговиот дом.



Откако на сопругата и соопштил дека ја изневерува и е во врска со друга жена, таа најпрво се онесвестила, а кога се завртел да побара помош таа го прободела со нож во грбот, а потоа и во раката, дознава Вечер.мк.

Откако успеал да ја совлада била повикана Брза помош при што на Игор му биле констатирани тешки телесни повреди, а случајот бил пријавен во полиција.

Игор.П поднел кривична пријава за семејно насилство.