Кандидат на СДСМ: Еден ден можда сакам да бидам на местото на Заев (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ Христо Кондовски на дебата во ТВ Телма порача дека еден ден можда ќе сака да биде на местото на премиерот и лидер на неговата партија Зоран Заев.



Изјавата дека еден ден можда ќе сака да го замени Заев Кондовски ја даде на прашање на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ епидемиологот Тони Коњановски кој го праша дали се согласува со оставката на Филипче за трагедијата во Тетово.

Прашањето и одговорот на линкот

https://fb.watch/8uLKhxH5O5/

За изјавата на Кондовски денеска реакција од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

“Менаџерот за живот на рати, Христо Кондовски изјави дека Венко Филипче не треба да поднесе оставка бидејќи бил добар менаџер!
Според него добар менаџер е Министер во чиј мандат изгореа живи 14 луѓе во модуларната болница во Тетово!
Според него Филипче не треба да поднесе оставка од морални причини.

Христо Кондовски се пофали дека сакал да биди и премиер, неговиот идол е Зоран Заев, човекот кој со огромна леснотија ја отфрли оставката на Филипче, човекот на кој болката на семејствата на загинатите ама баш ништо не му значи!

Целата дебата на ТВ Телма

https://www.facebook.com/TVTelma/videos/410051833923533/