Кандидат на градоначалник на СДСМ јавно потенцира дека не е член на СДСМ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков од Кочани сподели видео на кое кандидатот на СДСМ за градоначалник во општината, Николчо Илијев се оградува од членство во партијата која ја поддржа неговата кандидатура.



Илијев кој важи за близок на премиерот Заев и неговото семејство сега е во трка за свој втор мандат, но во дебатата на МРТ јавно истакна дека не е член на ниту една политичка партија а во вториот круг влегува со многу мала предност пред ВМРО-ДПМНЕ.