Договорот од Преспа ќе ги чини неколку милиони евра грчките даночни обврзници, пишува „То вима“ и наведува дел од финансиските „импликации“ од спроведување на одредбите од Договорот.
Учество на претставници на Грција на состаноците на Меѓународната експертска група за решавање на прашања што произлегуваат од трговски имиња, трговски марки и имиња на брендови.
Натаму, трошоци ќе има за учество на претставници на Грција на состаноците на Заедничкиот интердисциплинарен Комитет на експертите за историски, археолошки и образовни прашања.
Учеството на претставниците на Грција на состаноците на Заедничкиот министерски комитет со цел да се постигне најдобра можна соработка меѓу страните во областа на економското партнерство -покривање на патните трошоци (дневници, ноќевања и билети) на грчките претставници и трошоците за пречек на претставниците на Скопје, од случај до случај.
Трошоците ќе има и за подигање на нивото на Канцеларијата за врски во Скопје во амбасада и за Конзулатот во Битола.
Може да се јават трошоци за решавање на какви било спорови кои можат да произлезат при толкување или спроведување на Договорот и за евентуални жалби до Меѓународниот суд на правдата, пишува „То Вима“.




