Телевизијата Канал 5 дознава дека наводно најмалку две од новинарските ѕвезди на 1ТВ , покрај енормно високите хонорари, добивале и дополнителни бенефиции досега непознати во медиумскиот бизнис во Македонија.
“Имено, веќе подолг период во јавноста кружат информации дека дел од новинарската „елита“ на 1ТВ добивала огромни хонорари , за кои јавноста шпекулираше дека се добивани на незаконски начин.
Канал 5 ТВ денес доби информација од релевантен извор, точен и веродостоен, дека најмалку двајца од елитните новинарски „пера“ на 1ТВ, во своите авторски договори, покрај паричниот надоместок, добиле нешто што е речиси непознато за ТВ автори физички лица – рекламно време!
Имено еден од нив добил 2 минути рекламен простор неделно во својата емисија, а вториот 2 минути во својата неделна емисија, и уште 2 минути надвор од авторската емисија”, објавува Телевизијата.
Телевизијата ги поставува и прашањата дали евентуалните приходи остварени преку рекламно време се пријавени од страна на познатите новинари во нивните годишни пријави на УЈП и дали за нив е платен соодветен данок???
Целата информација на следниот линк





