Канал 5 ги “открива” 12-те точки од бугарскиот анекс

Денес е 14 Март 2021 год, а нашата и ваша телевизија, Канал 5 ТВ, ЕКСКЛУЗИВНО ги дозна кои се сите 12 точки кои ги најави Каракачанов, а за кои нашата Влада ќе треба да се произнесе, пишува телевизијата Канал 5 во шеговитата вест-козерија за анексот на договорот кој го најави Бугарија:



“ВЕСТИ ОД ИДНИНАТА – 14. Јануари 2021- Кои се 12 точки на Бугарскиот Анекс?

1.Македонија да го отстапи своето место на Бугарија на годинешново Европско Фудбалско Првенство. Доколку Уефа не го дозволи тоа, тогаш Македонија да прифати најмалку 8 Бугарски играчи во тимот од кои 6-ца мора постојано да се во екипата. Задолжителна позиција е голманската!

2.Поради фактот дека Бучковски има искуство со тенкови и тенковски делови, Македонија да земе обврска за производство на тенковски делови, исклучиво производство само на отворот на тенковите со капак, при што дијаметарот на отворот да биде зголемен за додатни за 50 цм. Се со цел соодветниот Министер да може да влезе кога ќе посака во секој бугарски тенк, без притоа да има проблеми при влезот како досега.

3.Во новата образовна програма, Македонија да воведе задолжителен предмет од 1во до 9то одделение – „Масовна Хипноза“. Предавачи ќе бидат Бугарски хипнотизери, со цел , на мирен начин да се помириме со нашето исто и заедничко минато со Бугарите и истото да го прифатиме без никакви поголеми проблеми.

4.Дополнително во новата модификувана образовна програма од денес воведува, покрај спојувањето на предметите Историја со Географија, спојување и на предметите Македонски јазик кој ќе се спои со предметот Бугарски Јазик, и ќе се добие еден нов предмет – Мајчин јазик

5.Македонија да побара генерална забрана од Фејсбук и Твитер за корисниците на овие сервиси во нашата земја во кои ќе се користат следниве зборови во постовите и коментарите како што се: татари, червени,чорапогашти, двки, фашисти и други термини, кои заедничката комисија дополнително ќе ги дефинира. Со ова Бугарија очекува а Македонија се согласува дека ќе се намали големиот говор на омраза кој доаѓа само од наша страна.

6.Да се вратат старите Македонски средби од двете страни на границата на Македонија и Бугарија кои беа познати под името „свиждање/свиждања“ кои сега може да го сменат името во „свирнување/потсвиркување/засвиркување“ , по избор на Македонската страна”, пишува Канал 5.

Останатите 6 точки на овој линк