Канал 5: Бучковски од понеделник пак во Бугарија!?

Цпецијалниот владин пратеник за Бугарија, веќе во понеделник ги почнува консултациите во Софија со претставници на бугарското МНР, дознава Канал 5



Целта е враќање на довербата кон Договорот за добрососедство. На маса ќе биде ставен акцискиот план, или таканаречениот патоказ за имплементација на Договорот, кој е еден од трите клучни барања на Софија. Во зависност од напредокот во усогласувањето на текстот со бугарската страна, не се исклучува можност специјалниот претставник да се сретне и со министерката за надворешни работи Захариева.

Бучковски за Канал 5 само потврди дека се интензивира комуникацијата со Бугарија, без да наведе повеќе детали.

И ТВ Сител од извори од македонскиот преговарачки тим доби потврда дека тие се во континуирана секојдневна комуникација со Министерството за надворешни работи на Бугарија во овие први денови од 2021 година.