Лидерот на Иран Хасан Рохани беше примен лично од идниот амбасадор на Македонија во НАТО, Дане Талески кој му повтори на иранскиот лидер дека треба да прекинат со заканите кон нашиот стратешки партнер, САД.
Средбата доаѓа по интервјуто во кое Талески на Иран му порача дека „Воопшто не е добро кога се напаѓа најважниот стратешки сојузник на Maкедонија, САД“, потсетува Канал 5.
Рохани, на Талески му предаде дипломатската нота со извинување, преведена на македонски јазик според уставот на Македонија, и албански јазик, и притоа изјави дека во знак на почит на ликот и делото на Талески, иранското Собрание познато како Миџлас, одлучило една нивна воена база да биде именувана според името на Талески, нормално преведена на англиски јазик.
Во ексклузивна изјава за Канал 5 ТВ, Рохани потврди дека базата Хаџиабад , од утре официјално ќе го носи името YesNo Base, што е уште една потврда за силната и принципиелна дипломатска позиција на идниот наш амбасадор во НАТО, Дане Талески.




