Канадските политички партии се соочуваат со ситуација во која нема да ги добиваат гласовите од Македонците во Канада доколку не прекинат да ги поддржуваат тие што не го почитуваат правото на Македонците и нивната држава да се нарекуваат како сакаат.
“Нема да гласам за политичка партија која не го поддржува моето право да постојам. На раководствата на сите канадски политички партии, директно ви реков: нема да ги добиете гласовите на Македонците во #Канада ако КОНЕЧНО не престанете да ги помагате нашите угнетувачи”, објавува Бил Николов претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права кој секогаш го користи хаштагот #Македонија.
Нема да гласам за политичка партија која не го поддржува моето право да постојам. На раководствата на сите канадски политички партии, директно ви реков: нема да ги добиете гласовите на Македонците во #Канада ако КОНЕЧНО не престанете да ги помагате нашите угнетувачи. #Македонија pic.twitter.com/Q4I5Xyq98Q
— Bill Nicholov (@BillNicholov) August 20, 2021






