Стивен Стамкос, канадски хокеар со македонско потекло, како капитен на Тампа беј лајтнинг го крена шампионскиот пехар од НХЛ-лигата, откако неговиот тим славеше со 2:0 и ја доби финалната серија против Далас старс со 4:2!



Триесетогодишникот, чиj татко Крис, исто така поранешен хокеар, е од леринското село Арменско во Егејска Македонија и припаѓа на првата генерација македонски иселеници во Канада, го пропушти целиот плејоф, се врати во третиот меч од финалето, но по три минути повторно се повреди.

Сепак, од Тампа беј го признаа неговиот придонес за втората титула.

„Немаше да го сториме тоа без тебе, капитену“, објавија од клубот од Флорида.

https://twitter.com/nushisrobert/status/1310787847226642432