Најмалку две лица беа убиени, а пет други се ранети во канадскиот град Квебек синоќа, пренесува Би-Би-Си.



Полицијата им порача на луѓето да останат во куќите откако маж „облечен во средновековна облека“ нападнал „неколку жртви“. Тој бил вооружен со мачета, јави Би-Би-Си.

Уапсен е маж на дваесетина години, соопшти полицијата. Портпарол на полицијата одби да каже дали од тогаш и е познат на полицијата, пренесува CBC News.

Нападот се случил во близина на парламентот во историскиот дел на Стариот Квебек.

По апсењето, мажот бил пренесен во болница.

Полицијата објави дека од почит кон жртвите, тие нема да го соопштат нивниот идентитет.

Мотивот за нападот сè уште не е познат.