Канадски попис контра историчарот Дечев: Лага е дека првите Македонци се родени пред 100 години

Македонскиот активист и претседател на организацијата Обединети Македонци од Канада Драги Стојковски ги негира тврдењата на бугарскиот историчар Стефан Дечев кој во емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа изјави дека генерацијата родена 1919 и 1920 година е првата генерација која имала македонско национално чувство.



“А што правиме со следниов случај. На канадскиот попис од 1911 година, 813 жители се изјасниле дека биле родени во Македонија. На прашањето за етничката припадност, т.е. расна или племенска припадност, сите 813 изјавиле дека биле македонска припадност. Ако сите овие Македонци биле барем 18 годишна возраст во 1911 година, тоа значи дека најмладите од нив биле родени 1893 година”, вели Стојковски за expres.mk.

Според Стојковски Дечев не може да тврди дека само кога Македонците велеле дека се Македонци, тоа било географска одредница, а кога се спомнува Бугари, тоа било етничка припадност, иако во иста реченица во пописот се спомнати повеќе етнички припадности Срби, Бугари и Македонци.