Канабис ќе одгледуваат 15 компании, објави Заев

Премиерот Зоран Заев со пост на неговата официјална ФБ страна ги објави 15-те компании кои добиле лиценца за одгледување канабис за медицински цели.



Во 15-те компании, чија вкупна инвестицијата е 40 милиони евра ќе бидат вработени 300 лица.

На листата компании со домашен и странски капитал, што добиле лиценци за одгледување канабис за медицински цели се наоѓаат компаниите: РСБ солутионс-Карбинци, Каба Хербал -Кочани, Оаза алкалоиди -Карбинци, Медицал 420 – Битола, 5 летерс во Ресен, Мам – Свети Николе, АЦПВ – Гостивар, Фарма Медика Канабис -Валандово, Ф&M 2017 – Гостивар, Фармаролли – Скопје, Греен лифе – Валандово, Канабис про – Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп – Росоман, Хелтх медикал солутионс – Гевгелија и Бул-Билдинг во Струмица.