Фејсбук препирка меѓу портпаролите на власта и опозицијата.
Најпрвин портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов упати провокација до опозицијата по што доби одговор од својот колега.
“Ќе ги победиме толку силно што лавот од логото ќе им избега”, најпрвин порача Костадинов.
Одговорот дојде експресно.
“Додека Заев цвика од избори, Костадин изгледа ги чува хангарите цвет од канабис :)))))
Kosta Kostadinov ај за почеток дојди на мегдан на некоја ТВ. Да те потсетам како бегаше пред фактите во студио”, му одговори Наум Стоилковски на својот колега од СДСМ.





