Камион пропадна на улица во Белград

Поради пукната водоводна цевка под Костолачката улица во Белград, пропадна камион за достава, јави РТС.



Возачот на камионот, кој превезувал намирници за Геронтолошкиот центар останал неповреден, а за РТС раскажа дека не бил свесен што му се случило.

„Возев полека, а камионот одеднаш потона, не знаев што ме снајде. Соседите рекоа дека пријавиле дефект во „Водовод“, но никој не дошол, а јас поминав тука прв“, рече возачот.

Тој додаде дека не знаел како излегол од пропаднатиот камион со оглед на тоа што инцидентот се случил рано утрово околу 4.30 часот.