Камиказа со одговор до соработник на Шилегов кој му порача дека може да умре среќен

Петар Георгиевски Камиказа одговори на непримерниот пост на Никола Наумовски близок соработник на екс градоначалникот на Скопје Петар Шилегов кој во обид да ја нападне градоначалничката Данела Арсовска го навреди маратонецот, бизнисмен, музичар и хуманитарец.



Во постот во кој екс шефот на кабинет на Шилегов и братучед на Шеќеринска се пресметува со Арсовска тој се пресметува и со Камиказа кој во кампањата за градоначалник на Скопје бараше тоалети на кејот на Вардар и тие сега се поставени од страна на градоначалничката.

Наумовски во постот непримерно зборува дека сега Камиказа може да умре среќен.

Обраќањето на Камиказа до Наумовски:

Сељобер-Монокотиледонски😁

Жена ти во детската серија Петко, ја игра Лина и во истоимената серија ја пее мојата песна “НЕНА”.

Ти друже што ми посакуваш среќен да умрам,ја пееш мојата песна “ДИРЛАДА” пред грчката амбасада со распеани Скопјани.

Да не сакаш да ти ги оставам авторските права,а?!

Сега знам дека со Мирко Попов-дијагноза немате пари за бело, па поминавте на дување лепак кој многу брзо ви го суши мозокот.

Набрзо тамо кај што ќе одиш, нема да имаш право на користење телефон….Е токму тамо, ти пожелувам долг и среќен живот, и по можност да ги прочиташ делата на Горан Стефановски кој за тебе е селски гастарбајтер и маалски националист…

Дотогаш јас среќно ќе трчам, ќе возам точак и пливам, ќе напишам уште по некој хит и ќе го чекам твоето ”воскресение”…

И да, ако треба,повторно ќе бидам скретничар на возот во кој ти и таквите како тебе ќе се возат, со една цел, никогаш да не се повторите….После Русе ти си наредниот. Биди така✊ Тоалети пред се 😁”.

Постот што го испровоцира Камиказа