Полицијата синоќа уапсила двајца државјани на Камерун кои со себе имале фалсификувани банкноти во вредност од речиси милион евра, соопштија од МВР.
Од МВР ја потврдуваат и информациата дека фалсификаторите во Скопје допатувале од Милано.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со Јавното обвинителство, а детална информација најавуваат во текот на денот.







