Лидерот на Независни Грци,до неодамна коалиционен партнер во грчката влада, Панос Каменос, даде дијагноза за очекувано лошиот резултат на СИРИЗА постигнат на изборите за Европскиот парламент во Грција.



„Сириза се самоуби во Преспа“, напиша Каменос на Твитер, недвосмислено посочувајќи дека Преспанскиот договор, за кој има(ше) големи отпори особено во северна Грција, бил пресуден за опстанокот на владата на Ципрас.

Алексис Ципрас, откако неговата партија освои 9% помалку гласови од опозициската Нова демократија, синоќа поднесе оставка и рече дека од шефот на државата Прокопис Павлопулос да распише предвремени парламентарни избори до крајот на јуни.

Мандатот на владата на Ципрас, инаку, истекува во октомври.