Оставката на 101 пратеник побара претседателот на Независни Грци, Панос Каменос, со цел да не се подржи гласањето за ратификација на Преспанскиот договор во грчкиот парлемент.
Каменос најави дека тој прв ќе ја потпише својата оставка, јавува CNN Greece.
„До 14 часот можеме да го блокираме гласањето на Преспанскиот договор со тоа што ќе поднесат оставка 101 пратеник“ , порача тој на Твитер.
Според Уставот, во случај на оставка на пратениците и на сите нивни заменици во истата изборна единица, треба да се одржат избори за испразнетите пратенички места.





