Грчкиот министер за одбрана ја нарече Турција „непријател кој продолжува да нè провоцира“ и наредил распоредување на поголем број трупи на островите во источното Егејско Море.
„Ако имаат храброст, нека се осмелат да предизвикаат еден сантиметар од нашата територија“, изјави Каменос за време на вежбата на резервисти на островот Икарија. „Обединетите Грци, ќе ги уништат“, пренесе Асошиетед прес.
Претходно Каменос изјави дека Ердоган „целосно откачил“ по што шефот за опозициска Неа демократија, Киријакос Мицотакис, го обвини министерот за одбрана дека „додава масло на огнот“ во тензиите меѓу Грција и Турција.
Панос Каменос, дал наредба да се распоредат 7.000 војници на островите и на копнената граница во североисточна Грција, во услови кога не попушта напнатоста во тензиите помеѓу двата сојузници на НАТО.
Грција и Турција имат несогласувања околу воздушната и поморската граница во Егејското Море, експлоатацијата на нафта и гас во близина на етнички поделениот Кипар, а тензиите дополнително се зголемија по апсењето на двајца грчки војници кои заскитале на турска територија минатиот месец.





