Само партијата „Златна зора“ се согласила со барањето на Панос Каменос во денешната дебата на Комисијата за одбрана и надворешна политика, Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО да биде изгласан со 180, а не 151 пратеник.
Каменос
се повикал на членот 28 (2) од Уставот кој
според него требало да се земе во предвид при ратификацијата на протоколот.
Тој најави дека истото ќе го побара на утрешната пленарна седница на која се очекува да биде ратификуван договорот.
Ну одговори заменик-министерот за надворешни работи, Јоргос Катругалос, кој појасни дека кога Албанија влезе во НАТО во 2009 година, не беше поставено прашање за зголемено мнозинство од 160 пратеници, или 3/5 как што бара Каменос.





