,,Камења на гладот” се појавија во Европа: „Ако ме видиш, плачи“ (ГАЛЕРИЈА)

Вековните предупредувања за суша и масовен глад се појавуваат од коритата на реките додека Европа се соочува со историска суша.



Неодамнешните суши во Европа по долги децении ги направија видливи „Камењата на гладот“ во некои чешки и германски реки.

Овие камења во минатото се користеле за да се означат очајно ниските нивоа на реките кои историски предвидувале глад.

Овој, во реката Елба во Германија, е од 1616 година и вели: „Ако ме видиш, плачи“.