Бизнисменот Орце Камчев кој денесека сведочи во случајот „Рекет во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13 и екс-шефицата на СЈО Катица Јанева рече дека самиот го снимал подигнувањето на еден милион евра оид страна на Кичеец и Боки 13 од неговиот дом.
Рече дека ги дал парите за да ги сними и да докаже во какво заложништво Боки 13 и Катица го држат не само него, туку и други бизнисмени што ги рекетирале.
„Сè што е снимено, снимено беше од мојот мобилен телефон. Ни служби, ни странски. Дојде Јовановски кај мене, му ги спакував еврата во ‘Луј Витон’ ташна, да не се навреди во ‘Адидас’, како што се навреди дека парите биле во апоени од по 50 евра“.




