Бизнисменот Орце Камчев кој се наоѓа во притворското одделение на затворот Шутка бил префрлен во друга просторија во која имало подобри услови, меѓу другото и вода, што не било случај претходно.



Од канцеларијата на Омбудсманот за ТВ21 потврдија дека тоа се случило по посетата на народниот правобранител Насер Зибери од каде пак информирале дека сите неправилности биле исправени.

Директорот на затворот Шутка негира дека врз Камчев има нехуман третман односно дека ги добива истите услови и третман, како и сите останати затвореници..

Сепак, адвокатита на Камчев велат дека подготвуваат и апликација до Стразбур, односно до Европскиот суд за човекови права, каде наводно веќе е испратен извештајот кој го подготвил тимот на Зибери.