Камчев немал доверба во институциите, затоа не го пријавил рекетот од Боки 13

Орце Камчев, нема да одговара бидејќи навреме не пријавил дека му бил баран откуп да се запре истрагата против него во случајот „Империја“, дознава порталот СакамДаКажам.



Порталот пишува дека на прашање до Обвинителството зошто Камчев не пријавил во МВР дека му бил баран рекет од Јовановски, туку побрзал да му плати 1,5 милиони евра, од таму велат дека не го сторил тоа бидејќи немал доверба во институциите.

Камчев, според порталот, прво дал поткуп да не биде кривично гонет зашто наводно немал кај да пријави, а потоа стекнал доверба во премиерот Зоран Заев и кај него пријавил.

Тоа го сторил откако поткупот покажал ефект и пасошот му бил вратен.

Според СакамДаКажам постои законска можност парите што ги дал, да му бидат вратени.