Бизнисменот Орце Камчев денес поднесе кривична пријава против екс-шефицата на СЈО, Катица Јанева која ја обвинува дека создала група во која наводно членувале нејзиниот син и обвинителката Стефанова со цел да се здобијат со имотна корист и да го оштетат.
Тој денеска поднесе кривична пријава против Катица Јанева, нејзиниот син Лазар Јанев и обвинителката Лиле Стефанова во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, објави објави „Фокус“.
По распадот на СЈО, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти обвинителката Стефанова да продолжи да ја води истрагата за случајот „Империја“ во кој еден од обвинетите е Камчев.




