Ова за ТВ Сител го истакна академик Владо Камбовски според кој Работната група подготвува нов кривичен законик бидејќи последната интервенција во КЗ иницирана од владата е зачинета со политички договор.
„ Сигурно дека ќе инсистираме на она што е наш предлог како работна група, посебно за делото 353 за кое во новиот текст, точно, избришан е ставот 5 кој стана проблематичен, но затоа е дадено едно посебно кривично дело на злоупотреба на службената должност при вршење на јавни набавки.
Така што, ако се избрише ставот 5, мора да оди тоа кривично дело, инаку би останала една тешка форма на злоупотреба.
Не дека нема да е казнета, тогаш сторителот ќе одговара за општото дело на злоупотреба, но нема да биде тоа дело одмерено, односно, вината на сторителот одмерувана според степенот на штетноста, односно, со построга казна.
Така што, не ќе може да остане вака како што е да виси, значи да нема сега потешко казнување за злоупотреба при врешење на јавни набавки“, вели Камбовски.
За донесување на новиот Закон за амнестија, пак, академикот вели дека е неопходна детална анализа која во моментов остсуствува и додава дека се потребни аргументи дека пренатрупаноста на затвореницте е главен мотив за ослободување затвореници.
„Примената на амнестија треба да е внимателен процес кој според Камбовски, ќе спречи на слобода да излезат и сторители или помагатели на грозоморни убиства или на штета на државата“, вели Камбовски.







