Најмалку 10 луѓе го загубија животот во голем пожар во хотел со коцкарница на границата на Камбоџа со Тајланд.



Во пожарот, кој избувна околу полноќ по локално време, во хотелот со коцкарница Гранд дајмонд сити во камбоџанскиот град Поипета, на западот од земјата, „загинаа десетина, а повредени се 30 луѓе“, се наведува во привремениот извештај на камбоџанската полиција.

Си-Ен-Ен јавува за застрашувачки сцени со луѓе кои панично бегаат од пламените јазици фрлајќи се низ прозорци…

„Жртвите скокаа во смрт од запалената згради во избезумен обид да се спасат од смртоносниот пожар…Спасувачите рекоа дека најмалку 11 луѓе загинале, но се очекува бројот на жртвите да се зголеми…