Видео на битолскиот фотограф и снимател Димитар Петковски открива како изгледа викендов Битола во најдолгиот полициски час поради коронавирусот.
Во видеото од еден од најживите македонски градови во нормална состојба сега може да се видат само празната чаршија, ретки минувачи со дозвола, полициска контрола, земјоделци со своите трактори, заспани кучиња и напуштени пунктови за собирање донации.
Од Саат кулата се слуша камбанаријата а меѓу зградите се слушаат македонски евергрини но и песни на Лепа Брена кои го исполнуваат досадниот полициски час кој завршува утре изутрина во 5 часот.





