Каматите си го прават своето – можен е раст на невработеноста во земјава?!

Народна банка повторно се одлучи да ја затегне монетарната политика во земјава. Со последната одлука на НБРМ за зголемување на основната каматна стапка, сега благајничките записи се упишуваат со камата од 6,30 проценти, објави Фактор. Но, тоа и не беше единствената одлука на Советот на НБРМ, кој исто така ја зголеми каматната стапка на раположливите депозити со што каматата на депозитите преку ноќ и на седум дена сега изнесува 4,20 и 4,25 процени. По долг период на олабавување на монетарната политика, последнава година банкарите постојано ја затегнуваат истата во обид да ја зауздаат инфлацијата, која во Македонија беше и меѓу највисоките.



Економистите укажуваат дека зачудува фактот оти продолжува да се зголемува основната каматна стапка, ако се има предвид дека сега веќе инфлацијата забавува, а не забрзува како порано, што потенцираат може да биде штетно за економијата, за работата на претпријатијата и да доведе до пропаѓање на некои од нив, а со тоа и раст на невработеноста.

Ако се има предвид дека инфлацијата забавува, а не забрзува, зачудува што Народна банка се одлучи, по седми пат оваа година, да ја зголеми каматната стапка на благајничките записи и да ја подигне на ниво на кое таа не била повеќе од една деценија. Дополнително зачудува што многу посилни економии од нашата, во контекст на забавување на инфлацијата, одлучија да ги замрзнат каматните стапки на постојното ниво наместо да продолжат со нивното зголемување. А за послаби економии, зголемувањето на каматните стапки може да биде уште поголем ризик за економските субјекти. Повеќе може да прочитате на Фактор.мк.