Потпртседателката на САД ја обвини Русија за злостосртва против човештвото во нејзиното обраќање на конференцијата за безбедност во Минхен.
„Руските сили вршат големи и систематски напади против цивилното население во Украина“, рече Харис.
„Ги разгледавме доказите. Ги знаеме правните стандарди. И нема спорно дека ова се злосторства против човештвото“, рече таа.
Според неа, тоа значи дека Русија извршила не само воени злосторства, како што официјално заклучи американската администрација во март, туку и незаконски дејствија против цивили.
„САД официјално утврдија дека Русија извршила злосторства против човештвото“, рече таа.
„Им велам на сите што ги извршија овие злосторства и на нивното раководство вклучени во овие злосторства, ќе одговарате“, рече Камала Харис.
На крајот од својот говор на конференцијата во Минхен, потпретседателката истакна дека рускиот претседател нема да може да победи.
„Ако Путин мисли дека може да ја добие предноста чекајќи ја ситуацијата, тој многу греши“, рече таа. „Времето не е на негова страна.
Харис го заврши својот говор потврдувајќи дека САД ќе продолжат силно да ја поддржуваат Украина и истакна дека Вашингтон е горд што е партнер со Киев.
„Ќе и помогнам на Украина колку што е потребно“, додаде таа.







