Калуѓерките од манастир во Калифорнија заработуваат повеќе од 980.000 евра годишно од одгледување на канабис.
Со овој бизнис започнале во 2011 година кога имале само 12 растенија, а денес работата им носи милионски суми. Тие тврдат дека нивните производи од канабис можат да излечат многу болести, од епилепсија до рак и, наводно, до сега осум лица спасиле од зависноста која знае да ја предизвика оваа билка, пишува „Индепендент“.
„Работевме со осум луѓе кои беа зависници од алкохол, цигари и дрога и на сите им беше подобро. Имаме сто отстотен успех во лечење од зависности“ – вели чесната сестра Кејт Мијусен.
Таа марихуаната ја опишува како „преубава билка која лечи“.
„Светот пополека се отвора на идејата дека канабисот е лек, а не опасна дрога“, вели таа.




