Калоѓера: „Пендаровски не бил во школо кога се говорело за 11 октомври – само будалите и неуките ја игнорираат борбата против фашизмот“

„Борбата против фашизмот е културно и политичко наследство на обединета Европа и само будалите и неуките типови можат да го игнорираат тоа.“ – нагласува Горан Калоѓера хрватскиот славист и македонист, вонреден член на Македонската академија на науки и уметности, како и редовен професор по македонистика и кроатистика на Универзитетот во Риека, Хрватска, во објавата на својот фејсбук – профил.



Калоѓера пишува: „Налудничавите идеи само се множат. Читам дека бугарскиот претставник во Брисел Андреј Ковачев смета оти треба да се укине прославувањето на 11.ноември 1941 година, всушност, Денот на востанието на македонскиот народ против фашистичката инвазија на бугарските, германските и италијанските окупациски сили! И овој тип го поврзува тоа со Тито и смета дека со такво минато и сфаќање на историјата Македонците не би требале да влезат во Европската унија.“

„Па што велат на тоа Британците, Французите и другите европски народи, кои се кренаа против фашизмот и кои ги прославуваат тие денови како свои национални празници и како светли моменти на својата историја?“

„И Пендаровски се чуди од каде толкава обземеност со историјата. Тој би сакал најмногу да нема ниту една буква за историското наследство на македонскиот народ. Боже, кутриот тој! Со нападот врз полициската станица македонските партизани го покренаа отпорот кон окупациските сили и тоа е момент, кој треба да се прославува и да се памети.“

„Тоа е историјата како учителка на животот, но Пендаровски не бил во училиште тој ден кога се говорело за тоа. Бугаринот очигледно бил, но тоа го заборавил намерно.“

„Борбата против фашизмот е културно и политичко наследство на обединета Европа и само будалите и неуките типови можат да го игнорираат тоа. Да живее Денот на востанието на македонскиот народ!“ – вели Горан Калоѓера во својата реакција на фејсбук-профилот.