Донеодамнешниот почесен конзул на Македонија во Хрватска, Горан Калоѓера, кратко и јасно за оксиморонот „македонски мултиетнички народ“ што го измисли и упорно го турка премиерот Зоран Заев.



„Каков мултиетнички народ? Постои македонски народ и национални малцинства во македонската држава“, објави Калоѓера на Фејсбук пред да го цитира македонскиот писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач Ѓорѓија Пулевски: „Народ – тоа се луѓе што се од еден род и кои зборуваат на еден јазик, кои живеат и се дружат меѓусебно и имаат исти обичаи, песни и веселби. Тие луѓе ги викаме народ, а местото каде што живее народот се нарекува татковина. Така, Македонците се народ и нивното место е Македонија“.