Хрватскиот македонист и поранешен почесен конзул на Македонија во Риека, Горан Калоѓера, со свое видување за најавата од премиерот Зоран Заев за бришење на „бугарски“ од „фашистички окупатор“ во македонските учебници.



„Историјата е наука во која не треба да има сомнеж ако ја пишуваат стручњаци. Ако, пак, некој премиер сака да ја менува историјата, тогаш нека ја погледа силната литература за македонската историја во текот на Втората светска војна. Таму ќе прочита дека Бугарија му пристапила на Тројниот пакт на 1 март 1940 година, како и оти бугарската окупаторска војска на 18 април 1941 година, заедно со германската и со италијанската окупаторска војска, влегла во подрачјата на денешна Македонија и пошироко. Процесот на бугарската окупација на Македонија имаше страшни последици за македонскиот народ. Впрочем, за тоа сведочат сведоци, фотографии, документарни филмови.

Оттаму е сосем коректно не само во македонските учебници, туку во учебниците за историја во целиот свет треба да пишува дека бугарската окупаторска војска во Македонија била дел од фашистичката окупаторска сила. Значи, правилно е да се пишува дека Бугарите во Македонија во текот на Втората светска војна биле фашистички окупатори“, коментира Калоѓера на Фејсбук.