„Нема одредба во законот што предвидува можност за специјалниот јавен обвинител предметите, над кои, според законот, тој има исклучива надлежност и овластувања, да му ги предаде на јавниот обвинител на Република Македонија или на друг јавен обвинител“, вели Милојка Калкашлиева, поранешна судијка на Врховниот суд.
„Се извртуваат содржината и суштината на одредбата од ставот 5 на членот 6 од Законот за СЈО, па со повикување на таа одредба се прифаќа за полноважно „писмо“ (или „изјава“ или „наредба“) со кое Катица Јанева и од притвор управува со предметите над кои исклучиво СЈО има надлежност, па од притвор му ги предава сите предмети на републичкиот јавен обвинител.
Па ако таа одредба ѝ дава такво овластување, зачудува фактот што Катица Јанева уште пред притворот не одлучила да му ги предаде сите предмети на јавниот обвинител. Специјалниот јавен обвинител нема такво овластување ни во редовната работа, а камоли од притвор, потенцира Калкашлиева за Нова Македонија





