„Бугарија е губитник во сегашната ситуација и ќе остане во историјата како земја што ги прекина преговорите за пристапување на Македонија и Албанија во ЕУ, иако сакавме да бидеме лидери и да го водиме овој процес на интеграција на Западен Балкан“, вели поранешниот министер за надворешни Ивајло Калфин.



Тој смета дека бугарската позиција е погодна за други земји кои исто така не сакаат да го започнат процесот на преговори, но ја користат Бугарија како изговор за тоа.

Според него, бугарскиот меморандум е несфатлив за повеќето Европејци и наместо да го постигне посакуваниот ефект, тој ја изолирал Бугарија.

Калфин вели дека ветото ги зајакнало антибугарските чувства во Скопје и дотури вода во воденицата на „србоманските кругови“, пренесе news.bg.

Поранешниот шеф на дипломатијата семета дека прашања без одложување треба да се решат, бидејќи одложувањето на решавањето на проблемите не помага.