Календарски од денеска започна зимата

Денеска 22 декември, во 04:27 часот наутро, календарски започна зимата.



Истовремено на јужната хемисфера на Земјата започна лето.

На денот на почетокот на зимата, денот е најкраток, а ноќта е најдолга.

Сонцето денеска ќе изгрее во 7 часот и 13 минути, а ќе зајде во 16 часот.

Ноќта постепено ќе станува пократка, а денот подолг.

Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 39 минути, до 20 март 2024 година.