Калајџиев: За знамето од Кутлеш, проблем е договорот со Грција

Според професор Гордан Калајџиев, употребата на знамето од Кутлеш не е регулирана со закон, па според тоа не би смеела да се санкционира.



„Со Законот за употреба на знамињата, регулирана е употребата на државното знаме и знамињата на странски држави, употребата на останати знамиња е во сферата на слобода на изразување. Исклучок се знамиња и симболи кои се изричито забранети, како фашистичкото знаме или слично“, вели Калајџиев околу случајот со судење на адвокатот Тони Менкиноски за јавнои истакнување на шеснаесеткракото знаме со што, според обвинението, „го нарушил јавниот ред и мир“.

Договорот со Грција е проблем, но нема инкриминација на приватна употреба на знамето со 16-крако сонце“, вели професор по кривично право, Калајџиев, за „Плусинфо“.