Професорот Гордан Калајџиев за случајот со Русковска и Муареми во реакција објавена на Трилинг со наслов „Крамер против Крамер – Дали Јовески ја предаде Вилма?“, вели дека шефицата на ЈООКК, Вилма Русковска направила три грешкиод која едната била, ако слободнотолкуваме – фатална.
„Русковска направи три грешки, првата – процесната видовме е вообичаена и за неа никој досега не одговарал. За ова треба да одлучи суд а Државниот обвинител можел да издаде некакво упатство во иднина да се избегнуваат вакви практики на штета на човековите права.
Втората, посериозна повреда, се чини беше непромислениот и очајнички повик до странските амбасади и ЕУ. Сериозен обвинител, ако не може да се справи со корупцијата во власта, треба едноставно да си даде оставка. Вака останува еден лош впечаток за системот, дека тој се распаѓа, но тоа впрочем и не е ништо ново.
Арат Муареми не поднесе оставка,му истече мандатот,вели Маричиќ
Третата, најсериозна „грешка“ на Вилма Русковска е што згазила врз нечија нога каде што не требало. Јас барем така мислам, а верувам истото го чувствува и јавноста. И оттаму сета оваа лакрдија, братоубиствена војна, прогласи, дисциплински постапки…







