Калајџиев: Притвори се одредуваат за политички цели

„Може да се сомневаме дека понекогаш притворот што го бараат обвинителите, а судиите го одобруваат од други причини, на пример пропагандни ефекти, политички цели, можеби притисок врз лицата да признаат на препад”, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во врска со пресудени притвори по барање на СЈО и ЈО, како во случаите на Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски.



 Според Калајџиев краткотрајните притвори за дејствија што се случиле пред подолг временски период се чудни, вели тој во изјава за Канал 5.

“Во случаи како овој, зборувам реалативно, бидејќи не ги знам деталите, но се чини нелогично тоа дека се определуваат краткотрајни мерки притвор и се заменуваат со поблага мерка бидејќи објективно ниту еден од условите за притвор не се чини реален за овој тип на ситуации“ вели професорот.

Калајџиев беше еден од кандидатите са прв човек на СЈО.