Ние немаме систем како политичката елита, од неколкумина во државата, би ја cпрeчилa од можни злoyпотрeби, ние и поголеми злoyпотреби не сме ги расчистиле, како што е примерот со приcлушкувањето, изјави перофесорот Гордан Калајџиев во синоќешното гостување на Топ тела на Телма.



Во емисијата во која онлајн гостуваше и советникот во владата Маријан Забрчанец, професорот рече дека во конкретната ситуација нe постои ни парламентарна контрола, ниту пак функционира граѓанското тело на коешто тој бил член, кое можело да врши некаква превентивна контрола.

„Покрај гаранциите кои лично ги дава Забрчанец, кои мене не ми се доволни, ние немаме механизми кои гарантираат дека власта евентуално нема да ги злoyпотреби овластувањата, особено ако (вонредната-н.з.) ситуацијата потрае“, рече Калајџиев.